Места од интерес
Патека Бр.1 Патека Корита - NMK
Точки од интерес – опис
КАЛУЃЕР
Локација: село Рогачево
Надморска височина: 955 м.н.в.
Пристап до местото: Асфалтиран пат кој води до караулата на крајот од селото.
Опис: На само 1 километар од село Рогачево, се наоѓа месноста „Калуѓер“, каде што е и истоимениот извор. На ова место се наоѓа и црквата „Св. Илија“, а истото е и уредено како излетничко место со голем број на маси и клупи. Интересно место за посета во топлите летни денови, за семејни излети и другарување.
GPS: N 42° 09’ 44.11’’ / E 21° 09’ 26.99’’
РОГАЧЕВСКИ КОРИТА
Локација: Шар Планина, над с. Рогачево
Надморска височина: 1475 м.н.в.
Пристап до местото: Земјан пат кој започнува од село Рогачево (за теренски возила)
Опис: Ова место „Корита“, името го добива бидејќи на тоа место има вода, извори, кои се собираат во отворени корита и кои служеле за напојување на добитокот во овој регион. Денес ова место претставува излетничко и викенд место. Во околината изградени се неколку приватни викенд куќички.
GPS: N 42° 10’ 12.36’’ / E 21° 08’ 14.17’’
ПЛАНИНАРСКИ ДОМ “ЉУБОТЕН”
Локација: Шар Планина, над село Старо Село / Љуботен
Надморска височина: 1635 м.н.в.
Пристап до местото: Земјан пат или маркирана планинарска патека од инфо таблата во селото.
Опис: Домот е изграден во 1931 година и е првиот и најстариот планинарски дом во Република Северна Македонија. Веднаш после домот, има букова шума, а посетителите може да уживаат во погледот кон Полошката котлина, врвот Љуботен, местата Козја Стена, Ливадица и Пирибег. Домот нуди сместувачки капацитет за 50 посетители, заедничка трпезариска просторија, кујна и можност да се дегустираат производи од најразновидни традционални рецепти. Со домот раководи Планинарскиот Клуб „Љуботен“ од Тетово. За време на викендите, домот е отворен во текот на целата година, а со претходна најава, функционира и во останатите денови.
GPS: N 42° 11’ 06.14’’ / E 21° 07’ 44.03’’
ВИЛА ЉУБОТЕН
Локација: село Старо Село / Љуботен
Надморска височина: 1600 м.н.в
Пристап до местото: Земјан пат или маркирана планинарска патека од инфо таблата во селото.
Опис: Вила “Љуботен” е приватен сместувачки објект со паркинг место, четири соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и еден салон. Тука може да го испиете утринското кафе, уживајќи на терасата со поглед кон врвот Љуботен. Објектот е отворен во текот на целата година за време на викендите, а со претходна најава и останатите денови.
GPS: N 42° 11’ 02.73’’ / E 21° 07’ 37.76’’
ВРАТНИЧКО ЕЗЕРО
Локација: село Вратница
Надморска височина: 655 м.н.в.
Пристап до местото: Земјан пат од село Вратница сé до езерото.
Опис: Вратничко Езеро, претставува вештачко езеро кое е изградено на местото викано „Голина“ во шеесеттите години на минатиот век. Езерото служело за спортски риболов. Околината во минатото била уредена со можности за излети и кампувања. Денес езерото не е во функцијата која ја имало во минатото, но добро е кога веќе посетителот е во близна истото да го посети и да ја доживее панорамата на езерото и врвот Љуботен во позадината.
GPS: N 42° 07’ 17.36’’ / E 21° 07’ 36.23’’
ПЕТАЧКО ВОДИЧЕ
Локација: Село Беловиште
Надморска височина: 860 м.н.в.
Пристап до местото: Асфалтен пат од село Беловиште.
Опис: Над селото Беловиште се наоѓа излетничкото место наречено „Петачко Водиче“. Тука се наоѓа и малото црквиче посветено на Св. Петка и извор на вода која е богата со железо, а за која се верува дека е добра за здравјето на очите. На ова место изградени се места за одмор и подготовка на храна. На само 5 минути над ова место, се наоѓаат неколку мали водопади на Беловишка река, од кој најпознат е т.н. „Вражји вир“. Во близина на излетничкото место, поточно на потегот од селото до тука, се наоѓаат неколку рибници и ресторани.
GPS: N 42° 08’ 43.93’’ / E 21° 05’’ 55.47’’
ВРВ ЉУБОТЕН
Локација: Шар Планина, Љуботен
Надморска височина: 2499 м.н.в.
Пристап до местото: Маркирана планинарска патека од Планинарски Дом Љуботен до врвот.
Опис: Врвот Љуботен е почетната точка на масивот Шар Планина. Како еден од највисоките врвови, се издвојува Шар Планина и претставува најдоминантната точка на целит масив. Еден од најистражуваните и нај искачуваните врвови на Шар Планина. Врвот го карактеризира гребенот кој е едниствен од ваков вид (алпски) на Шара, посебно изразен во зимскиот период.
GPS: N 42° 12’ 24.27’’ / E 21° 07’ 09.39’’
ЛИВАДИЧКО ЕЗЕРО
Локација: Шар Планина, Ливадица
Надморска височина: 2210 м.н.в.
Пристап до местото: Маркирана планинарска патека од Планинарски Дом Љуботен до езерото.
Опис: Ливадичко Eзеро е едно најголемите глацијални езера на Шар Планина, со должина од 228 метри и ширина од 120 метри. Глетката која што посетителите може да ја видат е неговата чиста и бистра вода, а во позадина e доминантниот врв Љуботен. Бојата на езерото е зеленкаста, а таму каде што ја достигнува најголемата длабочина од 7 метри е темно сино. Недалеку од езерото се наоѓа и самиот врв Ливадица, на надморска висина од 2480 м.
GPS: N 42° 11’ 21.88’’ / 21° 04’ 28.77’’
ХОСТЕЛ „КИТКА“
Локација: Село Вратница
Надморска височина: 715 м.н.в.
Пристап до местото: Асфалтиран пат од Тетово до село Вратница.
Опис: Декориран во традиционален македонски амбиент, хостелот нуди сместувачки капацитет од 5 спални соби со по 2 кревети во секоја соба. Во близина на хостелот се наоѓа и ресторан, каде што може да се нарача храна од традиционално македонско мени, а истата се подготвува од домашни органски производи.
GPS: N 42° 08’ 37.18’’ / E 21° 07’ 12.49’’
БЕЛОЈШКИ БИСЕР
Локација: Село Беловиште
Надморска височина: 710 м.н.в.
Пристап до местото: Асфалтиран пат од Тетово до село Беловиште.
Опис: Во центарот на село Беловиште се наоѓа сместувачкиот објект „Белојшки Бисер“, кој нуди сместување во две спални соби со заеднички тоалет. Во близина на објектот се наоѓа и истоимениот ресторан, кој што е познат по подготвување на вкусна риба и со својот традиционален македонски амбиент.
GPS: N 42° 08’ 88.38’’ / E 21° 06’ 17’’
GET YOUR MOBILE APP

This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.