Места од интерес
Патека Бр.11 Старата трговска патека - KS
Точки од интерес – опис
ПРИЗРЕНСКА ТВРДИНА
Локација: Призрен
Надморска височина: 518 м.н.в.
Пристап до местото: Поплочен пат кој води до тврдината
Опис: Од мостот „Араста“ треба да се следат патоказите и патот до тврдината, што е 10 минути одење, отприлика 100 метри растојание. Тврдината во Призрен е позната по својата античка историја и по геостратешката положба и својата висинска позиција, како чувар на градот. Западната страна на тврдината е позната по прекрасниот поглед на зајдисонцето, кој е комбиниран со течението на Призренска Бистрица (Lumbardh), во правец на планината Паштрик. На југоисточната страна може да се ужива во прекрасен поглед на речната клисура од Призренска Бистрица, а во позадината има убав поглед на Шар Планина.
GPS: N 42° 12’ 33.5’’ / E 20° 44’ 44.4’’
ПАШИНА ЧЕШМА
Локација: Призрен
Надморска височина: 805 м.н.в.
Пристап до местото: Пешачење по стара трговска патека, почнувајќи од центарот на град Призрен 1 час
Опис: Пашина чешма е извор на вода, кој подоцна е претворен во фонтана, која е позната сега со векови. Одсекогаш служела како место за освежување за многу патници. Најчесто e посетувана од жителите на Призрен за рекреативни цели. Патеката која води од Призренската тврдина е збогатена со стебла на костен и лешник, додека на задната страна на Пашина чешма има многу борови дрвја.
GPS: N 42° 11’ 27.2’’ / E 20° 44’ 23.0’’
ПАНОРАМСКИ ПОГЛЕД КОН СЕЛО ЈАБЛАНИЦА
Локација: Шар Планина, над село Јабланица
Надморска височина: 1170 м.н.в.
Пристап до местото: До панорамскиот поглед кон селото Јабланица, може да се пристапи од Старата трговска патека, што е оддалечено 2 часа пешачење од Призрен или од асфалтниот пат Призрен – Заплух.
Опис: Оваа точка на интерес е на крстосницата кон регионот на Опоја и Макадамската патека, низ која минува истотака и старата трговска патека. Карактеристичен е широкиот панорамски поглед, од каде може да се види долината Жупа, планинскиот гребен Ошљак и дел од централниот масив на Шар Планина. Од другата страна, се наоѓа селото Заплух, познато по одгледување малини. После селото Заплух се простира букова шума Китка 1400 м.н.в.
GPS: N 42° 09’ 56.7’’ / E 20° 45’ 35.9’’
ПЛАНИНАРСКИ ДОМ НА ШАР ПЛАНИНА
Локација: Шар Планина, над селото Стружје
Надморска височина: 1285 м.н.в.
Пристап до местото: До планинарскиот дом може да се стигне преку Макадамскиот пат, 3 часа пешачење од Призрен или 16 км возење од регионалниот асфалтен пат Призрен - Локвица - Стружје, а потоа по макадамски пат до Планинарскиот дом.
Опис: Планинарскиот дом е во сопственост и управуван од Планинарското здружение Шари од Призрен и може да обезбеди храна и сместување за најмногу 80 лица. Планинарскиот дом постои од 1951 година и оттогаш е управуван од Здружението Шари.
GPS: N 40° 09’ 6’’ / E 20° 46’ 50.1’’
ЦРНА КАРПА
Локација: Шар Планина, над селото Заплух
Надморска височина: 1590 м.н.в.
Пристап до местото: До оваа точка може да се пристапи преку обележаната (маркирана), Старата трговска патека или преку макадамскиот пат, кој поминува низ селото Заплух. Времетраење на пешачењето од почетната точка изнесува 4 часа и 30 минути.
Опис: Оваа точка од интерес го означува крајот на шумскиот појас, кој е исто така крстосница на регионот на Опоја и селата Заплух, Стружје и Манастирица. Патеките што ги поврзуваат овие села можат лесно да се видат, но истите не се обележани. На оваа локација се наоѓа гостинската куќа „Мелити“, која обезбедува сместување и традиционална храна. Покрај гостинската куќа, во близина, постои и стара воена установа од времето на Југославија, која меѓу народот е позната како Караула. Од оваа точка, може да се види врвот Скарпа кој е обележан (маркиран) и исто така може да се видат Караникола и Вртоп.
GPS: N 42° 07’ 21.0’’ / 20° 47’ 22.2’’
ЗЕЛЕН ПРЕМЕИН
Локација: Шар Планина, село Вешала
Надморска височина: 1590 м.н.в.
Пристап до местото: Од косовска страна, може да се пристапи преку обележанта Стара трговска патека и селата Заплух и Манастирица. Од македонска страна може да се стигне преку Старата трговска патека или селата Вешалa и Бозовце.
Опис: Оваа точка на интерес е исто така граничен премин, каде може да се премине границата, а познат е и како Зелен премин. Овозможува панорамски поглед на јужниот масив на Шар Планина и долината Лешница. Ако времето е јасно, лесно може да се погледне Кула на ТИТОВ врв 2747м, што е и највисоката точка на Шар Планина. Исто така, тука е и преминот на планинските патеки до врвот Корфи 2555м и езерото Караникола. Овие две патеки имаат делумно хоризонтално обележување.
ГПС: N 42° 08’ 43.93’’ / E 21° 05’’ 55.47’’
GET YOUR MOBILE APP

This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

















