Патека Бр.11 Старата трговска патека - KS
Позиција - планина
-
Шар Планина / централен сегмент
Почетна точка
-
Центар на Призрен, плоштад Шадрван (Фонтана)
Опис на патеката
Патеката започнува од Синан-пашината џамијата, која се наоѓа точно во центарот на градот, на само 50 метри од плоштадот Шадрван (Фонтана). Првиот дел од патеката оди по угорница и поминува покрај тврдината Призрен, преку боровите дрвја, долж „Паша Чешме“ т.е. 1, 2 и 3 излетничките места. Во овој дел од патеката, подлогата е комбинација на шумски и карпест терен. Понатаму, патеката продолжува над селото Пуско и оди по мала удолница до селото Јабланица, давајќи можност туристот да се сретне со локалното население. Низ селото Јабланица, патеката продолжува во шума по земјан пат, завршувајќи кај Планинарската Колиба Шара. Од Планинарската Колиба Шара и понатаму, патеката е рамна и многу малку со нагорница за следните 5 километри, до ливадите Прислоп и „Стане е Стружа“ (Караула-Стражарница) и завршува на Црн врв со висина од 1950 метри.
Последниот дел од патеката од страна на Косово, продолжува во многу отворена и живописна патека, со кривини и карпеста варовничка површина, како коњска и каллива патека, насочена кон големото езеро (“Liqeni i madh” на албански јазик или Караниколичко Езеро на македонски јазик) и Врвот Вртоп, завршувајќи на зелен – премин од Трговската патека. Понатаму надолу, продолжува кон селата Бозовце и Вешала во Северна Македонија.
Технички и туристички информации:
Висина на почетна точка
-
Градот Призрен - 413 м.н.в.
Највисока точка
-
Зелен премин – 2,000 м.н.в.
Висина на крајна точка
-
Прекугранична патека преку „црна карпа“ – 1,635 м.н.в.
Висинска разлика
-
1687 м
Времетраење на тура
-
6 часа
Должина на патека
-
24 км РКС плус ~ 7 km на РСМ страна
Тежина на патека
-
☆☆☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆☆☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи:
-
Почетокот на патеката, пружа многу добар поглед од Призренската тврдина накај густата борова шума и костенова шума, до локалното излетничко место.
-
Понатаму, патеката исто така има панорамски поглед кон локалните села и нивниот изглед во целост, од каде патеката оди во дабовата шума и продолжува пред караулата-стражарницата или „Стане е Стружа“.
-
На крајниот потег од патеката, има отворен и панорамски поглед од 180° до 360°, од каде што кон запад, може да се видат долината Жупа, Опоја и планините Пастрик, Коритник, на југ се гледаат Скарпа и Езерскиот врв и на југоисток се планинските врвови Вртоп и Ошљак.
Пристапност до почетна точка:
-
Автопат - Аеродром Приштина 70 км, Скопје 100 км, Тирана 220 км
-
Регионален пат Брезовица - Призрен 50 км (R115)
-
Земјан теренски пат од Призрен до - Планинарскиот дом „Шари“,12 км од патеката, и до караулата-стражарницата или „Стане е Стружа“ со 16 км (достапна со 4х4 возила), автомобил, минибус
-
Постојат неколку места за паркирање на теренски возила, во близина на планинарскиот дом - кабина
Градот Призрен има градски паркинзи, со места за паркирање, за поголем број возила.
Пристапност до крајна точка
-
Автопат Скопје - Тетово, 43 км
-
Регионален пат Тетово - Бозовце 23 км
Во селата постои можност за паркирање на неколку возила.
Точки од интерес
-
Тврдина во Призрен - 15 минути пешачење од почетната точка
-
Пашината чешма - 1 час пешачење од почетната точка
-
Панорамски поглед на село Јабланица - 2 часа пешачење од почетната точка
-
Планинарски дом „Шари“ - 3 часа пешачење од почетната точка
-
Црна карпа – 4 часа и 30 минути пешачење од почетната точка
-
Зелен премин - 6 час и 30 минути пешачење од почетната точка
Сместување и храна
-
Планинарски Дом „Шари“, на 16-тиот километар од патеката
-
Планинска кабина „Станет е стружа“ близу до Црна карпа на 20-тиот километар од патеката
-
Селата Струже, Заплухе од косовска страна и на македонска страна селата Вешала и Бозовце
Јавен превоз
-
Секој ден има јавен превоз до почетната точка од Приштина, од Скопје е 10 евра, а од Тирана 10 евра (секој ден двапати во текот на работните денови). Такси превозот до почетната точка од Приштина е 40 евра, од Скопје е 50 евра и од Тирана е 60 евра за автомобил.
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.