Патека Бр.2 Патека на Виолата - NMK
( Планинарски Дом „Љуботен“– Бачилото на Беким – Село Старо Село) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / североисточен сегмент
Почетна точка
-
Планинарски Дом „Љуботен“
Опис на патеката
Патеката започнува од планинарскиот дом „Љуботен“. Во почетокот патеката благо се искачува кон север (околу 70 метри во височина) и потоа правецот го менува кон запад / северозапад. Се поминува покрај „Џандарска Бука“. Од ова место патеката поминува под најголемиот камен сипа во Македонија, „Козја Стена“ и се спушта се до Љуботенска Река. Од оваа позиција со менување на правецот кон југозапад и се искачува до „Бачилото на Беким“. Пределот на минување на патеката може да се каже дека е еден од поатрактивните предели на Шар Планина, а се одвива по планинска патека комбинација на пасишен, кеменит и мал дел шумски дел. Од бачилот кое е на локација на „Градска Ливадица“ патеката почнува да се движи во правец на исток и се спушта во шумскиот појас каде од планинска патека преминува во широк земјен пат. Патот се спушта кон Љуботенска Река, ја преминува реката на нејзиниот лев брег и се движи кон исток со што се спојува со патот кој од село Старо Село води до планинарскиот дом. Пред спојувањето со главниот земјен пат, карактеристично место е местото викано „Ржани камен“, карпа која надвиснува над Љуботенска Река. Од тука патеката благо се искачува до спојувањето со главниот земјен пат и се спушта сé до село Старо Село.
Технички информации:
Висина на почетна точка
-
Планинарски Дом „Љуботен“ – 1,635 м.н.в.
Највисока точка
-
Бачилото на Беким – 1700 м.н.в.
Висина на крајна точка
-
Село Рогачево – 890 мнв
Времетраење на тура
-
3.30 – 4.00 часа
Должина на патека
-
10 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 255 m
-
Вкупно симнување – 770 m
Тежина на патека
-
☆☆☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆☆☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи
При поминување на патеката која води од „Џандарска Бука“, се до „Бачилотo на Беким“, панорамскиот поглед е воодушевувачки. Постојано во правц на север / северозапад и југ погледите се кон врвот Љуботен, сипарот на „Козја Стена“ и самата карактеристична карпа, и долината на Љуботенска река.
Од местотот викано „Ржани камен“ погледот кој се доживува во првиот дел од патеката е веќе поизразен, при што може да се доживее доминантноста на врвот Љуботен и од оваа позиција се отвора поглед и кон југ од каде го гледаме т.н Градскиот дел на Ливадица и дел од Полошката котлина.
Пристапност до почетна точка
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Старо Село, 25 км
-
Земјен пат село Старо Село – Планинарски дом „Љуботен“, 7 км (само за 4х4 возила)
-
Во близина на планинарскиот дом „Љуботен“ постои можност за паркирање на неколку возила
Пристапност то крајна точка
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Старо Село, 25 км
-
Во село Старо Село, во близина на училиштето, кое се наоѓа во долниот дел од селото, постои можност за паркирање на повеќе возила
Точки од интерес
-
од почетната точка
-
Врв Љуботен - 2.30 часа пешачење од Планинарскиот Дом „Љуботен“
-
Ливадичко Езеро – 3.30 часа пешачење од Планинарскиот Дом „Љуботен“
-
од крајна точка
-
Вратничко Езеро - 10 минути возење од село Старо Село
-
Излетничко место “Петачко водиче“ - село Беловиште - 10 минути возење од село Рогачево
-
Излетничко место „Калуѓер“ село Рогачево – 10 минути возење од село Старо Село
Сместување и храна
-
Планинарски Дом „Љуботен“, Шар Планина
-
Вила „Љуботен“, Шар Планина
-
Хостел „Китка“, село Вратница
-
Семејна куќа „Белојшки Бисер“, село Беловиште
Јавен превоз
-
Јавен, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.