Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.1 Патеката на големите борови - KS

 trail no.1 photo2 resized

 

DOWNLOAD GPX      Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина / централен сегмент

Почетна точка

  • Копана Вода, Планинарски дом НП Шара

Опис на патеката

Патеката започнува од боровите дрвја, близу до планинската колиба Копана Вода“ на 1540 м.н.в. Патеката е означена со знаковни натписи, и води југоисточно кон панорамското спортско место наречено Булец, преминувајќи низ делумно изгорените борови дрвја до местото викано Вирови (влажни езерца од каде има свежа вода на пролет) близу овчарот - Орхан Латифи. Оттаму, искачувајќи се на планинските варовнички карпи Ошjак на југоисток, на исток се насочува по сртот до највисоката точка на патеката 2212 м.н.в. Последните 10 км се спуштаат со сценски 360° поглед, пред да заврши планинарењето во центарот за рекреација Превала или до патот Горно село (Р115).

Технички и туристички информации:

Висина на почетна точка

  • 1,540 м.н.в.

Највисока точка

  • Самит Ошлак – 2,212 м.н.в.

Висина на крајна точка

  • 1,430 м.н.в.

Висинска разлика

  • 582 м

 

Времетраење на тура

  • 5 часа

Должина на патека

  • 14 км

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи

Почетокот на патеката има многу освежувачки воздух, што доаѓа од големите борови дрвја. Само по 10 минути, станува многу фронтален изглед и обезбедува панорамски поглед на највисоките и најимпресивните врвови на Шар Планина меѓу Косово и Македонија. Тенката патека оди и преминува низ големите борови, покрај делот на патеката со клисура, пред изворот. Последната фаза од патеката е со отворен и многу панорамски поглед од 360°, од каде што може да се видат долината Жупа и Сириничка и скијачкиот центар Брезовица исто така.

Пристапност до почетна точка

  • Призрен – Копана Вода Планинарски дом НП Шара 12 км, Скопје 112 км, Тирана 200 км

  • Регионален пат Призрен – Ново Село 7 км, и Скоробиште 11 км

Градот Призрен има градски паркинзи, со места за паркирање, за поголем број возила.

Пристапност до крајна точка

  • Регионален пат Р115 од Призрен 25 км

  • Регионален пат Р115 од Брезовица 22 км

  • Скопје до Брезовица – Превалец 75 км

  • Постојат неколку места за паркирање на почетната и крајната точка

 

Сместување и храна

  • Планинарски Дом „Копана Вода“ – НП Шара

  • Хотел Шари – Горно Село

  • Ресторан “Gold” – Мушниково

  • Кула Јетими – Рекреативен Центар Превала

  • Хотел “Eja, Yjet e Sharrit” – Превала

  • Хотел Мореа - Превала

Јавен превоз

  • Нема организиран превоз, само локално такси што може да се користи само во една насока, со приближна цена 30 евра за возило 4х4.

 

 

 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2025 Alka. All Rights Reserved.