Патека Бр.10 Патека на река - NMK
(Канал Шарски Води / Мздрача – извори на река Мздрача – Бугарски Колиби) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / јужен сегмент
Почетна точка
-
Канал Шарски Води / Мздрача
Опис на патеката
Почетната точка на оваа патека се наоѓа на каналот „Шарски Води“, до кој води широк земјен пат кој започнува помеѓу селата Неготино и Сенокос. На каналот, на височина од 1350 метри има каптажа која ги зафаќа водите од реката Мздрача и ги внесува во каналот. Тука има објект и веднаш од објектот започнува патеката кон изворите на реката Мздрача. Во правец на запад, стрмно се искачуваме во густ шумски појас од каде на височина од 1500 метри се спуштаме на составот на реките Мздрача и Врачанска Река. Пред да се влее во Мздрача, ја преминуваме Врачанска Река, кратко се искачуваме и продолжуваме да се движиме по левиот тек на Реката Мздрача, кон југ. Стигнуваме до циркот на Мздрача, каде се гледаат остатоци од стари бачила и караули и од оваа позиција може да се движиме кон југозапад и да се искачиме сé до изворите на реката или да ја поминеме реката Мздрача и да се движиме кон исток и стрмно да се искачиме до преминот „Будимов Гроб“ од каде движејќи се кон север, за само 100 метри се искачуваме до врвот Бугарски Колиби. Симнувањето од врвот може да е по истата патека или пак да се симнеме по маркирана патека во селото Пожаране.
Технички и туристички информации:
Висина на почетна точка
-
Канал Шарски Води / Мздрача – 1340 м.н.в.
Највисока точка
-
Бугарски Колиби – 2200 м.н.в.
Висинска разлика
-
860 м
Висина на крајна точка
-
Бугарски Колиби – 2200 м.н.в.
Времетраење на тура
-
4.00 - 4.30 часа
Должина на патека
-
11 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 900 м
-
Вкупно симнување – 50 м
Тежина на патека
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи:
Првиот дела на турата ни нуди прекрасен поглед кон врвот Голема Враца од каде потоа кон југ се отвора кањонот на река Мздрача. Откако ќе се искачи врвот Бугарски Колиби, веќе погледот ги ниже сите јужни врвови од лево кон десно (Расенѓул, Врв на Радика, Мала Враца, Голема Враца, Рудока, Борислаец).
Пристапност до почетна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Неготино, 14 км
-
Земјен пат село Неготино – Каптажа, Мздрача (Шарски Воде) 20 км
-
До каптажата постои можност за паркирање на неколку теренски возила
Точки од туристички интерес:
-
од почетната и крајна точка
-
Врв Рудока (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Врачански Езера (3 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Бугарски Колиби (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Голема Враца (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Село Пожаране (3 часа пешачење од врвот Бугарски Колиби)
-
Гостивар
Сместување и храна
-
Различни сместувачки капацитети во Тетово и Гостивар
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.