Патека Бр.9 Јужна Патека - NMK
(Канал Шарски Води / Мздрача – Карпа – Голема Враца) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / јужен сегмент
Почетна точка
-
Канал Шарски Води / Мздрача
Опис на патеката
Почетната точка за оваа патека се наоѓа на каналот „Шарски Води“, до кој води широк земјен пат кој започнува помеѓу селата Неготино и Сенокос. На каналот, на височина од 1350 метри има каптажа која ги зафаќа водите од реката Мздрача и ги внесува во каналот. Тука има објект и веднаш од објектот започнува патеката кон врвот. Правецот на движење е запад. Во почетокот, во првите 300 метри, патеката е низ шумски појас кој преминува во пасишен терен од каде по југоисточниот гребен на падината се искачува кон врвот Голема Враца. Има стрмно искачување со атрактивни погледи кон останатите делови на Шара. Симнувњето може да се одвива по јужниот гребен се до седлото кон Мала Враца или по истата патека.
Технички и туристички информации:
Висина на почетна точка
-
Канал Шарски Води / Мздрача – 1340 м.н.в.
Највисока точка
-
Голема Враца – 2589 м.н.в.
Висинска разлика
-
1249 м
Висина на крајна точка
-
Голема Враца – 2589 м.н.в.
Времетраење на тура
-
4.00 - 4.30 часа
Должина на патека
-
8 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 1249 м
Тежина на патека
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи:
При искачувањето кон врвот, погледот е кон југ и кон исток е на околните врвови од Шар Планина (Рудока, Борислаец, Бугарски Колиби) и долината на реката Мздрача. Од самиот врв се отвора прекарасен поглед кон југ и запад. Веднаш под врвот се отвораат Шутманската Висорамина и погледите кон планините Паштрик и Коритник, се до Проклетије на запад и на југозапад кон Кораб.
Пристапност до почетна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Неготино, 14 км
-
Земјен пат село Неготино – Каптажа, Мздрача (Шарски Води) 20 км
-
До каптажата постои можност за паркирање на неколку теренски возила
Точки од туристички интерес:
-
од почетната и крајна точка
-
Црно Езеро (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Боговињско Езеро (5 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Врв Рудока (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Врачански Езера (3 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
-
Бугарски Колиби (4 часа пешачење од каптажата, Мздрача на Шарски Води)
Сместување и храна
-
Различни сместувачки капацитети во Тетово и Гостивар
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.