Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.3 Патеката на мечката - KS

 trail no.3 photo2 resized

 

DOWNLOAD GPX     Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина / централен регион

Почетна точка

  • Село Манастирица

Опис на патеката

Појдовната точка на оваа патека е на излезот од селото, кон планината, која продолжува понатаму по угорница во следните 3 км до сртот и до местото наречено Мето Бајрактари кое е рамно и има извор на вода. Оваа посебна точка на патеката може да се икористи за освежување и пауза за фотографии. Вториот дел од патеката е покриен со букови дрвја кои се делумно густи. Овој дел кој е удолница, оди кон селото Доње Љубиње, кое е добро познато по традиционалните свадбени церемонии, особено традицијата на „сликање на лицето“ на невестата. Патеката може да се продолжи во правец на село Горње Љубиње до местото по име Брод, каде што може да се најде сместување и храна, обезбедено од рибен ресторан.

Регионот, исто така, вклучува популација на мечки.

  • Како и сите мечки, кафеавата мечка оди плантаградно, што е на целото стапало

  • Отисокот на предното стапало има должина од околу 16 см, а задното стапало приближно 26см.

Сезоната на парење на кафеавите мечки е од мај до јули. Машките и женските мечки исто така се полигамни и можат да се придружат на неколку партнери неколку пати. Оплодената јајце клетка останува слободна во матката до пет месеци, само со вгнездување на ѕидот на матката на почетокот на зимскиот сон, е моментот кога започнува вистинската бременост. Младенчињата се раѓаат помеѓу јануари и март. Леглото е обично две или три младенчиња, а женката мечка ги одгледува самостојно. Во текот на оваа фаза, женката мечка е крајно агресивна и повремено може да ги нападне машките мечки ако се обидат да се приближат до младенчињата. Младите мечки остануваат една и пол до две години заедно со својата мајка. Штом таа е подготвена повторно да се пари, таа ги остава своите младенчиња. Младенчињата остануваат заедно неколку месеци, а потоа тргнуваат да пронајдат свој терен.

Забелешка: Кафеавата мечка на Шар Планина не го напаѓа човекот во нормална состојба.

За повеќе детали, контактирајте го локалниот водач од Шари Екотур.

 

Технички и туристички информации:

Висина на почетна точка

  • 1051 м.н.в., 42’7’.696 N, 20’48.41 E

Највисока точка

  • 1661 м.н.в., 42’7.2094 N, 20’49.9974 E

Висина на крајна точка

  • 914 м.н.в. 42’8.0021 N, 20’51.4966 E

Висинска разлика

  • 610 м

Времетраење на тура

  • 4 часа

Должина на патека

  • 6 км

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи

По минувањето низ селото, земјан пат продолжува покрај речниот тек се до мостот. Пејзажот е секогаш различен во текот на целата година. Ако е суво лето, тогаш на почетокот е правлива патека, но на горниот дел е подобра трева каде се сретнуваат отпечатоци од коњи, во земјиште со приватна и јавна шума кои ја покриваат патеката. На највисоката точка ќе имате многу подобар поглед, наоѓајќи се пред масивната планина Вертоп 2555 м.

Пристапност до почетна точка

  • Возењето до Манастерица од Призрен е 16 км, од Приштина 100 км, а од Скопје е 97 км

Пристапност до крајна точка

  • Возење до Доње Љубиње по Регионален пат Р115 од Призрен 16 км, од Скопје 96, а од Приштина 101 км

Сместување и храна

  • Селото Манастерица има за изнајмување добри и големи куќи

  • Љубиње Б&Б Папраќина

  • Призрен има повеќе сместувачки капацитети и не само 16 км од почетокот.

Јавен превоз

  • На дневна основа, има локално комбе, на секој 2-ри час од Призрен.

 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2024 Alka. All Rights Reserved.