Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.8 Патека на тврдината - NMK

 trail no.8 photo 2 resized

(Тетово – Тетовско Кале – извори на минерална вода „Бањиче“ – Тетово)

 

DOWNLOAD GPX     Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина / централен сегмент

Почетна точка

  • Тетово

Опис на патеката

Лесна рекреативна патека која започнува од стариот дел на Тетово, т.е. од маалото Колтук. Движејќи се по оваа патека се поминувааат две значајни места за тетовци. Тоа се Тетовското Кале (Балтепе) и Тетовското Бањиче. Патеката започнува од црквата Св. Никола, во стариот дел на градот и се движи во генерален правец кон запад. По асфалтен пат се движиме се до Тетовското Кале. Откако ќе го поминеме калето, тргнуваме кон запад, кон северозападниот влез на тврдината и се упатуваме кон селото Лавце. По земјана патека поминуваме покрај обработливите површини под селото и се спуштаме до реката Пена поточно до изворите со минерална вода, Бањиче. Тука ја преминуваме реката и од ова место се упатуваме кон градот Тетово, во правец на исток, а се движиме по асфалтен пат од десното течение на реката Пена. Патеката завршува во стариот дел од Тетово, т.н. Горно Маало, кај црквата Св. Богородица.

Технички и туристички информации:

Висина на почетна точка

  • Тетово – 500 м.в.н.

Највисока точка

  • Тетовско Кале – 810 м.н.в.

Висинска разлика

  • 310 м

Висина на крајна точка

  • Тетово – 500 м.н.в.

Времетраење на тура

  • 1.00 – 1.30 часа

Должина на патека

  • 9 km

Надморска височина

  • Вкупно искачување – 310 м

  • Вкупно симнување – 310 м

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи:

Најзначајниот панорамски поглед е од самото плато на Тетовското Кале. Погледот кон Кобилица кон запад е назаменлив. Се гледа целиот гребен на Шар Планина од лево врвот Караникола десно се до врвот Црн Врв. Кога се спуштаме кон Тетовското Бањиче, импресивен е погледот на долниот тек на река Пена.

Пристапност до почетна точка:

  • Автопат Скопје – Тетово, 43 km

Точки од туристички интерес:

  • од почетната и крајна точка

  • Тетовско Кале (15 мин возење од Тетово)

  • Тетовско Бањиче (15 мин возење од Тетово)

  • Арабати Баба Теќе (10 мин возење од центарот на Тетово)

  • Шарена Џамија (10 мин возење од центарот на Тетово)

  • Тетовски Амам (10 мин возење од центарот на Тетово)

  • Тетовски Музеј (10 мин возење од центарот на Тетово)

  • Музје на КПМ (10 мин возење од центарот на Тетово)

  • Галерија на Икони (10 мин возење од центарот на Тетово)

 

Сместување и храна

  • Различни сместувачки капацитети во Тетово

Јавен превоз

  • Јавен, комби превоз и такси возила

 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2021 Alka. All Rights Reserved.