Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.6 Патека до водопадот - NMK

 Trail No.6 Photo resized2

(село Бродец – село Вејце – Водопад)

 

DOWNLOAD GPX       Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина / централен сегмент

Почетна точка

  • Село Бродец

Опис на патеката

Патеката која може да се категоризира како средно лесна, започнува од селото Бродец, поточно горниот дел од селото, од каде по кратко и стрмно искачување, се излегува на широк земјан пат, кој кон север - североисток води до селото Вејце. Овој пат иако не е прооден за возила, се користи за комуникација помеѓу овие две села. Карактеристично за овој дел од патеката е влезот во селото Вејце. Обработливи површини и луѓе кои работат може да се сретнат на горната и долната страна од патеката пред влезот на селото. Патеката влегува низ селото, го поминува, и се движи во правец на север, по десниот брег од течението на Дојранска Река. Со благо искачување се доаѓа до карпестиот предел на самата река каде што по кратко движење кон североисток се пристигнува до водопадите на Дојранска Река.

 

Технички и туристички информации:

Висина на почетна точка

  • Село Бродец – 1030 м.н.в.

Највисока точка

  • Водопад – 1760 м.н.в.

Висинска разлика

  • 730 м

Висина на крајна точка

  • Водопад – 1760 м.н.в.

Времетраење на тура

  • 3.00 – 3.30 часа

Должина на патека

  • 9 км

Надморска височина

  • Вкупно искачување – 795 м

  • Вкупно симнување – 110 м

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи

Во првиот дел од патеката, кога се движиме на релацијата село Бродец – село Вејце, кон исток се отвора поглед на Дупнат Камен, карактеристична карпа над источниот дел од селата.

Откако ќе се помине селото Вејце и ќе се тргне кон циркот на Дојранска Река, пред нас, кон север се издига врвот Црн Врв, а од десната страна поточно кон запад - југозапад, е карактеристичниот врв Кобилица.

Пристапност до почетна точка:

  • Автопат Скопје – Тетово, 43 км

  • Локален пат Тетово – село Бродец, 16 км

  • Во долниот дел на селото, во близина на мостот и чешмата постои можност за паркирање на неколку возила

Точки од туристички интерес:

  • од почетната точка:

  • Црн Врв – 4.00 часа пешачење од село Вејце

  • Кобилица – 4.00 часа пешачење од село Вејце

Сместување и храна

  • Планинарски дом “Кобилица”, Шар Планина

  • Семејна куќа во село Вејце

  • Различни сместувачки капацитети во Тетово

Јавен превоз

  • Јавен превоз, комби превоз и такси возила



 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2025 Alka. All Rights Reserved.