Патека Бр.5 Патека на овчарски стадаs - NMK
(Село Једоарце – село Отуње – село Сетоле – Ѓермовски Бачила) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / североисточен сегмент
Почетна точка
Опис на патеката
Патеката започнува од селото Једоарце и поминува низ селата Отуње и Сетоле. По асфалтниот пат кој завршува во горнот дел од селото, по планинска патека продолжува во правец на југ и се движи кон селото Ѓермо. Патеката е во шумски појас со ретка шума низ која се отворени повеќе шумски патишта. Кога ќе се дојде до југозападниот грбен кој се спушта од врвот Плоча, по широк земејн пат во правец на север, се искачува до височина од 1500 метри (над самиот шумски појас) и од тука во правец на северозапад / север се движиме по пат кој не води се до „Ѓермовските Бачила“.
Технички информации:
Висина на почетна точка
-
Село Једоарце – 795 м.н.в.
Највисока точка
-
Ѓермовски Бачила – 1780 м.н.в.
Висина на крајна точка
-
Ѓермовски Бачила – 1780 м.н.в.
Времетраење на тура
-
3.00 – 3.30 часа
Должина на патека
-
9 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 985 м
Тежина на патека
-
☆☆☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆☆☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи
Пејсажите во овој дел на Шар Планина, поточно на оваа патека се ограничени на циркот на Ѓермовска река со врвот Плоча на северозапад и на исток горниот дел од Полошката котлина.
Пристапност до почетна точка
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Једоарце, 11 км
-
Во селото, поточно по селските улици, постои можност за паркирање на неколку возила
Точки од туристички интерес
-
од почетната точка
-
Ѓинов Камен - 2.30 часа пешачење од село Сетоле
-
Село Варвара – 3.00 часа пешачење од село Отуње
-
Комплекс Лешочки Манастир – 15 минути возење од село Једоарце
-
Најмалиот етно музеј во светот, село Џепчиште – 15 минути возење од село Једоарце
Сместување и храна
-
Комплекс Лешочки Манастир, село Лешок
-
Сместување во градот Тетово
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.