Патека Бр.1 Патека Корита - NMK
(Село Рогачево – Пикник област Калуѓер – Планинарски Дом Љуботен) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / североисточен сегмент
Почетна точка
-
Село Рогачево
Опис на патеката
Патеката започнува од центарот на Село Рогачево, која поминува низ горниот дел од селото и се движи кон север се до месноста „Калуѓер“. Од тука патеката по широк пат низ шумски предел, започнува да се движи кон југ и се спојува со патот кој од село оди право кон месноста „Корита“. Карактеристично, за посетителот кога ќе се спои на овој пат, е тоа што во близина на спојувањето има репетитор. Од тука, патеката се движи по широкиот пат со главна насока кон север, и се искачува се до месноста „Рогачевски Корита“. Откако ќе ги оставиме „Корита“ по широкиот земјан пат се движиме кон север / северо запад, поминуваме покрај „Рогачевските Бачила“ се движиме по изохипса на височина од 1600 метри, и стигнуваме до Планинарскиот Дом „Љуботен“. Во близината на домот се наоѓаат „Староселските Бачила“ и „Вила Љуботен“.
Технички информации:
Висина на почетна точка
-
Село Рогачево – 865 м.н.в.
Највисока точка
-
Планинарски Дом „Љуботен“ – 1635 м.н.в.
Висина на крајна точка
-
Планинарски Дом „Љуботен“ – 1635 м.н.в.
Времетраење на тура
-
2.30 часа
Должина на патека
-
8 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 775 m
-
Вкупно симнување – 35 m
Тежина на патека
-
☆☆☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆☆☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи
Движејќи се вдолж патеката, најзначајниот панорамски поглед е кон југ, поточно кон Полошката котлина. Ова е карактеристично место за доживување на овој поглед од позицијата на „Рогачевски Корита“.
Поминувајќи ја патеката која што после „Рогачевски Корита“ се движи кон планинарскиот дом „Љуботен“ во правец на север / северозапад се отвора прекрасен поглед на врвот Љуботен и североисточниот дел на масивот на Шар Планина.
Пристапност до почетна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – с. Рогачево, 27 км
-
Во село Рогачево, низ селските улици постои можност за паркирање на возила
Пристапност до крајна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Старо Село, 25 км
-
Земјан пат од село Старо Село – Планинарски Дом „Љуботен“, 7 км (само за 4х4 возила)
-
Во близина на Планинарскиот Дом „Љуботен“ постои можност за паркирање на неколку возила
Точки од туристички интерес
-
од почетната точка
-
Вратничко Езеро - (15 минути возење од село Рогачево)
-
Излетничко место “Петачко водиче“ - село Беловиште (15 минути возење од село Рогачево)
-
од крајна точка
-
Врв Љуботен - 2.30 часа пешачење од Планинарскиот Дом „Љуботен“
-
Ливадичко Езеро – 3.30 часа пешачење од Планинарскиот Дом „Љуботен“
Сместување и храна
-
Планинарски Дом „Љуботен“, Шар Планина
-
Вила „Љуботен“, Шар Планина
-
Хостел „Китка“, Село Вратница
-
Семејна куќа „Белојшки Бисер“, село Беловиште
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.