Добредојдовте на Шар Планина
Добредојдовте на веб-страницата подготвена во рамките на проектот „Поддршка на регионалниот туристички потенцијал“. Канцеларијата на Европската унија во Косово го финансира овој проект во рамките на ИПА II Прекуграничната програма за Косово - Северна Македонија 2014-2020 година.
Во партнерство со Балканија од Северна Македонија и Маримангат и Шари од Косово, Центарот за одржлив развој - АЛКА ги спроведе проектните активности.
Главната цел на проектот е подобрување на туристичките потенцијали и промовирање на вредностите на прекуграничниот регион и прекрасната Шар Планина.
Дваесет и една нова пешачка патека, кои се протегаат во должина од над 200 километри, се маркирани и обележани со знаци, на обете страни на Шар Планина во Косово и Северна Македонија. Покрај тоа, многуте промотивни материјали како што се видеа, летоци, мобилна апликација за пешачките патеки и развиената веб-страница, ја промовираат Шар Планина како единствена дестинација за планинарење и планински туризам.
Сега посетителите имаат уште една причина да уживаат во културните и природните убавини на Шар Планина.
Ве молиме, разгледајте ја и истражете ја веб-страницата за повеќе информации и слободно испратете ни порака со какви било прашања што може да ги имате.

GET YOUR MOBILE APP

This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.