Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.4 Панорамска патека - NMK

 Trail No.4 Photo1 resized

(Село Вејце – Врв Дупнат Камен)

 

DOWNLOAD GPX     Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина, централен сегмент

Почетна точка

  • Село Вејце

Опис на патеката

Кратка патека која започнува од мостот во влезот на селото Вејце. Селото Вејце е едно од ретките активни села на Шар Планинина. Од мостот каде се спојуваат двете реки Дојранска и Купиница, кои ја формираат Вејачка река, патеката се движи во правец на север, по десниот брег на реката Купиница. По движење од 500 метри, преку стар бетонски мост, се поминува реката и започнува искачувањето кон „Дупнат Камен“. Патеката потоа поминува низ дел со обработлива површина, која веќе не се обработува, па се искачува се до патот, кој од село Селец води кон Рокопечките Бачила. Се до овој дел, правецот на движење е кон исток, по што кога започнуваме да се движиме по патот, правецот оди кон север. По движење во овој првец во должина од 200 метри, се отвора широка ливада, на која ливада од горната страна се наоѓа една приватна планинска куќа, патеката повторно го менува правецот кон исток и започнува со искачување до седлото помеѓу „Дупнат Камен“ и Кучи Баба. Откако ќе се искачи седлото, во правец на југ, започнува искачувањето до местото „Дупнат Камен“.

Технички информации:

Висина на почетна точка

  • Село Вејце – 1130 м.н.в.

Највисока точка

  • Дупнат Камен – 1890 м.н.в.

 

Висина на крајна точка

  • Дупнат Камен – 1890 м.н.в.

Времетраење на тура

  • 2.30 – 3.00 часа

Должина на патека

  • 7 км

Надморска височина

  • Вкупно искачување – 760 m

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи

Бидејќи патеката се одвива на западните падини од „Дупнат Камен“ сé додека не се искачи самиот врв, погледите се во правец кон запад, каде што се гледа врвот Црн Врв и врвот Кобилица.

Од самиот врв на „Дупнат Камен“ пејсажот е веќе доста поширок и разнолик. Кон запад освен врвовите Црн Врв и Кобилца убаво се исцртува долината на Вејачка река, а кон југозапад, средишниот дел од гребенот на Шара, во чие подножје е долината Лешница. На југ и југоисток се отвора погледот кон Полошката котлина.

Пристапност до почетна точка

  • Автопат Скопје – Тетово, 43 км

  • Локален пат Тетово – с. Вејце, 13 км

  • Во близина на мостот на влезот на село Вејце, постои можност за паркирање на мал број на возила

Пристапност до крајна точка

  • од почетната точка

  • Вејачки Водопади - 2.30 часа пешачење од село Вејце

  • Црн Врв – 4.00 часа пешачење од село Вејце

  • Врв Кобилица – 4.00 часа пешачење од село Вејце

Сместување и храна

  • Планинарски Дом „Кобилица“, Шар Планина

  • Семејна куќа Вејце

Јавен превоз

  • Јавен превоз, комби превоз и такси возила

 

 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2025 Alka. All Rights Reserved.