Патека Бр.3 Патека Куле - NMK
(Село Теарце – Областа Бигор – Село Брезно – Брезјанско Езеро – Врв Брезјански Куле) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / североисточен сегмент
Почетна точка
-
Село Теарце
Опис на патеката
Патеката која е многу добро позната на локалното население, а води до селото Брезно, започнува од центарот на селото Теарце. Движењето е во главен правец кон север / северозапад и веднаш започнува со искачување по широк земјен пат се до селото Брезно. Овој дел од патекекта поминува низ стара костенова шума, по која овој регион е препознатлив. Од селото по патеката која не води кон „Три Воде“ се движиме сé до “Брезјанско Езеро“ од каде правецот го менуваме кон југ и започнувме со благи качување кон место викано „Брезјански Ливади“. Патеката во овој предел се одвива низ не толку густ шумски појас по широк земјен пат, која после ливадите преминува во планинска патека. Од ова место патеката влегува во густ шумски појас и по изохипса се движи до ливадите кои се наоѓаат под „Брезјански Куле“. Овој дел на патекеката е доста релаксирачки, бидејќи нема искачување и се поминува низ недопрена природа. Густата букова шума во летните денови е одлична за пауза пред излегувањето на пасишниот терен. Кога патеката ќе излезе на ливадите под „Брезјански Куле“ се приклучува на патеката која е релација „Брезјански Куле“ – „Три Воде“ од каде остро на југ се искачува сé до седлото под „Брезјански Куле“. Од оваа позиција по само 60 метри стрмно искачување во правец на исток се пристигнува на врвот „Брезјански Куле“.
Технички информации:
Висина на почетна точка
-
Село Теарце – 515 м.н.в.
Највисока точка
-
Брезјански Куле – 1939 м.н.в.
Висина на крајна точка
-
Брезјански Куле – 1939 м.н.в.
Времетраење на тура
-
4.30 – 5.00 часа
Должина на патека
-
15 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 1389 м
Тежина на патека
-
☆☆☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆☆☆☆☆
Панорами и пејзажи
Оваа патека ја карактеризираат две точки од каде што се доживуваат прекрасни пејсажи. Во првиот дел на патеката тоа се “Брзјанските Ливади“ од каде се гледа горниот дел на Полошката котлина, а во вториот дел тоа е самиот врв на “Брезјанските Кули“ од каде кон север се отвора идеален поглед на средниот тек на реката Теаречка Бистрица со поглед кон највисокиот предел со врвовоите Пескови и Езерски Врв на овој дел од Шар Планина, а кон југ кон циркот на Лешочка река со поглед кон Полошката Котлина.
Пристапност до почетна точка
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Теарце, 12 км
-
Во центарот на селото постои можност за паркирање на неколку возила
Пристапност до крајна точка
-
од почетната точка
-
„Три Воде“– 2.30 часа пешачење од село Теарце
-
„Мелово” – 2.00 часа пешачење од село Теарце
-
Лешочки Манастир – 15 минути возење од село Теарце
Сместување и храна
-
Комплекс Лешочки Манастир, Село Лешок
-
Хостел „Китка“, Село Вратница
-
Сместување во градот Тетово
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.