Патека Бр.7 Патека на боровите - NMK

|
(Село Бродец – Мал Јелак – Јелак – Попова Шапка) |
Позиција - планина
-
Шар Планина / централен сегмент
Почетна точка
-
Село Бродец
Опис на патеката
Патеката започнува од мостот на река пена под селото Бродец. Искачувањето започнува по широк земјен пат во правец на југ-југозапад. Првиот дел од искачувањето до местото викано Мал Јелак, се одвива во шумски појас од букова шума. Од Мал Јелак, на местото каде се врши каптирање на реката, се поминува на левата страна од брегот и продолжува искачувањето кон Јелак. Во овој дел шумскиот појас е веќе Елова Шума. Движејќи се по патот (сеуште широк земеј пат) стигнуваме до раскрсница од која започнуваме да се движиме кон исток. Доколку од ова место, се одвоиме од патот на само 50 метри кон запад излегуваме на видиковец од каде прекрасно се гледа долината на Студена Река и Јелачки Црн Врв. Движејќи се кон исток, стигнуваме на Јелак, каде се наоѓа Планинарскиот Дом Јелак. Од тука патеката не води кон гребенот над Попова Шапка и од каде движејќи се кон југоисток по пасишен терен се спуштаме до ски центарот Попова Шапка.
Технички и туристички информации:
Висина на почетна точка
-
Село Бродец – 1030 м.н.в.
Највисока точка
-
Гребенот помеѓу Попова Шапка и Јелак – 2000 м.н.в.
Висинска разлика
-
970 м
Висина на крајна точка
-
Попова Шапка – 1700 м.н.в.
Времетраење на тура
-
3.30 – 4.00 часа
Должина на патека
-
15 км
Надморска височина
-
Вкупно искачување – 970 м
-
Вкупно симнување – 300 м
Тежина на патека
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Потребна физичка подготвеност
-
☆ ☆ ☆ ☆ ☆
Панорами и пејзажи:
Во првиот дел од патеката, кога се движиме на релацијата село Бродец – Јелак, поточно гребенот над Попова Шапка, како што се искачуваме, така погледите кон запад се отвораат кон врвовите Кобилица и Црн Врв, со долината на Вејачка Река.
Откако ќе се помине гребенот се отвора поглед кон југ, југоисток и југозапад, кон целата Полошка Котлина.
Пристапност до почетна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – село Бродец, 16 км
-
Во долниот дел на селото, во близина на мостот и чешмата постои можност за паркирање на неколку возила
Пристапност до крајна точка:
-
Автопат Скопје – Тетово, 43 км
-
Локален пат Тетово – Попова Шапка, 20км
-
Можност за паркирање на возила
Точки од туристички интерес
-
од почетната точка:
-
Кобилица – 4.00 часа пешачење од село Вејце
-
Дупнат Камен – 3.00 часа пешачење од село Вејце
-
од крајна точка:
-
Титов Врв - 4.00 часа пешачење од Попова Шапка
-
Лешница - 4.00 часа пешачење од Попова Шапка
-
Боговињско Езеро - 4.00 часа пешачење од Попова Шапка
Сместување и храна
-
Планинарски Дом „Љуботен“ – Попова Шапка
-
Хотел „Попова Шапка“ – Попова Шапка
-
Хотел „Славија“ – Попова Шапка
-
Хотел „Конак“ – Попова Шапка
-
Хотел „Scardus“ – Попова Шапка
-
Хотел “Arena“ – Попова Шапка
-
Хотел „Snow Patrol“ – Попова Шапка
-
Различни сместувачки капацитети во Тетово
Јавен превоз
-
Јавен превоз, комби превоз и такси возила
This web has been produced with the assistance of the European Union. The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.




















