Најдоброто од природата

Неверојатнa, убавa, опаснa

Дојдете и видете!

Прекрасна и недопрена
топла и мирна

Највисоката планина во двете земји, достапна од двете страни. Дојдете во посета и најдете го Вашиот мир

Патека Бр.4 Патеката на елените - KS

 trail no.4 photo1 resized

 

DOWNLOAD GPX     Места од интерес

 

Позиција - планина

  • Шар Планина / централен регион

Почетна точка

  • Ресторан Голд во село Мушниково

Опис на патеката

Патеката започнува од ресторанот Голд над селото Мушниково, односно од регионалниот пат Р-115. Туристите можат да ги наполнат шишињата со свежа вода за пиење од Шар Планина што е голема пријатност. Патеката оди преку реката Лумбарди или Бистрица и покрај ливадите до Горње Село. Оттука патеката се дели во две насоки. Првата поминува низ селото од левата страна на реката, и следејќи ја трсата може да се оди низ ливадите на Превала и да се заврши кај рекреативниот центар на Превала. Другата патека минува низ шумата над селото од десната страна на реката. Оттаму, оди по угорнина, sсо што може брзо да се искачи висинската разлика и може да се оди на југоисточен правец сè додека не се стигне до шумското подрачје. Последниот дел од патеката се поврзува со патеката во шумата, пред да се заврши во рекреативниот центар на Превала. Оваа патека е можно да се помине како кружна патека во рок од еден ден.

Технички и туристички информации:

Висина на почетна точка

  • 1000 м.н.в.

Највисока точка

  • 1515 м.н.в.

Висина на крајна точка

  • 1515 м.н.в.

Висинска разлика

  • 515 м

Времетраење на тура

  • 3 часа

Должина на патека

  • 8 км

Тежина на патека

  • ☆ ☆ ☆

Потребна физичка подготвеност

  • ☆ ☆ ☆

Панорами и пејзажи

Додека се искачувате по оваа патека, панорамските погледи се надоврзуваат, опкружени со шуми и ливадите по трасата на патеката.

Ако се искачите за време на есен или зима, патеката е видлива, додека во текот на летото е помалку видлива затоа што е покриена со трева и цвеќиња.

Во некои делови од оваа патека можете да ги слушнете и звуците на потоците и на реката.

Пристапност до почетна точка

  • Приштина - 95 км, Призрен – 17,5 км, Скопје 85 км, Тетово 90 км и Тирана 205 км

  • Регионален пат R-115 – до Призрен 17,5 км, до Брезовице 22 км

Кај почетната точка има простор за паркирање на автомовили и мини комбиња.

Пристапност до крајна точка

  • Регионален пат R115 до Призрен 29 км, до Брезовица 10.5 км

  • Има неколку паркинг простори на крајната точка

Точки од туристички интерес

Најинтересните делови се речниот тек Лумбарди или Бистрица, ливадите, шумската дива област, еколошката област и животинскиот свет.

Сместување и храна

  • Ресторан Голд – Мушниково

  • Кула Јетимит – Рекреативен Центар Превала

  • Хотел Еја, Шарски звезди (Yjet e Sharrit) – Превала

  • Хотел Шари – Горњо Село

  • Ресторан Коха – Превала

  • Хотел Кројет - Превала

  • .Хотел Мореа - Превала

Јавен превоз

  • Локален транспорт од Призрен до Мушниково

 

01 Briefing notes EN thumb    02 Briefing notes EN thumb   
03 Briefing notes ЕN thumb   04 Briefing notes ЕN thumb  

eu funded gdThis web has been produced with the assistance of the European Union.  The content of this web is the sole responsibility of the implementing organisations and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

© 2021 Alka. All Rights Reserved.